Македонија

Пронајдено тело во атарот на гостиварското село Неготино

12.12.2025 09:37

ОЈО Гостивар соопшти дека во текот на ноќта јавен обвинител извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде било пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка...

Јавен обвинител од гостиварското обвинителство ноќеска изврши увид во атарот на село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице, закопано во дупка.

Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од самото место.

За едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки.

По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот, велат од обвинителството.