Регион
Грчките земјоделци на протест во Солун
12.12.2025 20:04
Земјоделците од северна Грција со трактори и автобуси на нов протест и симболична неколкучасовна блокада на пристаништето во Солун...

Земјоделците од северна Грција со трактори и автобуси на нов протест и симболична неколкучасовна блокада на пристаништето во Солун. Се очекува граничните премини кон Македонија да останат отворени, барем додека трае протестот на пристаништето.
По завршувањето на собирот во Солун, земјоделците ќе одржат состанок на кој ќе се одлучи дали во текот на денешниот ден повторно ќе бидат спуштени рампите на граничните премини.
Главната блокада останува активна во централна Грција, близу Лариса, каде автопатот Солун – Атина е целосно затворен, а возила се пренасочуваат по споредни патишта.
