Регион

Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на Владата

12.12.2025 14:00

Земјата со недели се соочува со масовни протести најпрвин поради Предлог-буџетот за 2026, економското управување и корупцијата...

Со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“, бугарскиот парламент формално усвои резолуција со која ја прифаќа оставката на Владата. Земјата со недели се соочува со масовни протести најпрвин поради Предлог-буџетот за 2026, економското управување и корупцијата.

Владата на Жељазков преживеа шест гласања за недоверба откако беше назначена во јануари, но овој пат големиот одѕив на демонстранти на улиците беше пресвртница. Балканската земја со 6,4 милиони луѓе треба од први јануари да ја смени национална валута, левот и да го воведе еврото со што ќе стане 21-ва членка на еврозоната.