Уште седум нови случаи на жолтица во Скопје

05.09.2014 15:07

Седум нови случаи на жолтица во Скопје. Три од заразените се деца. И лекар е заразен од болен. Останатите се епидемиолошки неповрзани...

Седум новзаразени пацинети со жолтица има во Скопје во последните 24 часа. Жолтица имале повеќе од една недела, но вчера побарале лекарска помош. Тројца од нив се деца на 3, 10 и 11 години. Најстариот има 53 години. Двајца од новорегистрираните се хоспитализрани на Клиниката за инфективни болести. Пациентите има од сите скопски оптшини. Само еден пацинет е заразен од болен. И тоа лекар. Според министерот за здравство, мора да се почитуваат препораките на епидемиолозите.

„Се контролираат училиштата и градинките, се преземаат сите мерки што ги донесе Комисијата за заразни болести. Бројот на заболени се намалува, епидемијата се смирува и очекуваме во наредниот период преземните мерки да дадат резултати“, рече министерот за здравство Никола Тодоров.

Лична и колективна нехигиена се причини за ширењето на заразата. Во Скопје се регистрирани вкупно 107 заболени од жолтица. На Клиниката за инфективни болести со хепатитис се хоспитализирани 20 пацинети, од кои девет се со хепатитис А, сите се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома. Во Штип, каде што заразата беше со епидемиски размери, состојбата се смирува, во изминативе 24 часа се регистрирани два нови случаја.

Наташа Јанчиќ