Електронски потврди за царински долг
Денеска, електронски се поврзаа Централниот регистар и Царинската управа. Ова значи дека на граѓаните на коишто ќе им бидат потребни документи од Царинската управа ќе можат по електронски пат да ги извадат во Централниот регистар...

Дигитализацијата се повеќе зема замав. Денеска, електронски се поврзаа Централниот регистар и Царинската управа. Ова значи дека на граѓаните на коишто ќе им бидат потребни документи од Царинската управа ќе можат по електронски пат да ги извадат во Централниот регистар.
Граѓаните повеќе не мора да одат во Царина по потврда за царински долг, Централниот регистар со еден клик ќе ги гледа електронски и ќе добива информации од управата во реално време. На овој начин се поедноставува процедурата, се штедат време и ресурси на фирмите и граѓаните, се намалува ризикот од измами.
Од Централниот регистар велат дека со ова е завршена првата фаза од проектот за надградба на едношалтерскиот систем.
Од Централниот регистар информираа дека во земјава се активни околу 80.000 компании, за 40 отсто е зголемен бројот на оние што електронски поднесуваат сметки. Зголемен е бројот на отворени наспроти затворени компании.
Ана Јосифоска
