Битола

Сивата економија во пораст

13.12.2025 16:47

Голем број даночни обврзници не ги почитувале обврските кон државата, покажува извештајот на даночните контроли на УЈП на терен. Во пресрет на новогодишните празници со апел-редовно да се издаваат фискалните сметки и да се пријавува дневниот промет.

Расне сивата економија. Даночни обврзници, трговци, угостители и натаму затајуваат данок. Додека едни не издаваат фискални сметки, други без навики да ги бараат.

УЈП во 2025 спровела 4 илјади даночни контроли, а при дури 2.500 биле регистрирани неправилности.

Поради неиздавање на фискални или нерегистрирање на дневниот промет, годинава биле запечатени 113 објекти. Од данок на личен доход не се поштедени ниту физичките лица кои издаваат недвижнини под закуп и лицата со тезги за време на базари.

Помпезни реклами за супер производи. Во пракса не е така. Мобилни телефони, машини за домаќинство со кус век на траење. Се множат жалбите за слаб квалитет. Впечатокот е дека 90 посто од потрошувачите се однесуваат наивно при пазарењето. А, средношколката Славица не им верува на интернет продавниците.

Заштедата на време, но и поевтина цена се најчести причини за онлајн пазарење.

Ружица Ѓоршевска