Одбројување до дербито
Сезоната е на почеток, формата доправа почнува да се гради, за адаптација на новите играчи е потребно време, но ждрепката за новата, 4-та сезона во СЕХА регионалното ракометно натпреварување одново ги спои двете најуспешни македонски екипи во меѓусебен дуел уште на стартот на сезоната. Од двата табора идентични најави за приоритетите. Лигата на шампионите е во преден план, домашното првенство и титулата веднаш до елитното натпреварување, но иако СЕХА доаѓа на третото место на сите им е јасно дека нема да има калкулации.

Ривалитетот, притисокот од навивачите, желбата да се биде подобар од големиот ривал се најава за ново возбудливо дерби меѓу екипите на Вардар и Металург. Во црвено црниот состав се свесни за предизвикот. Кале и домашниот терен мора да се покажат како неосвоиви за гостите, не само од Автокоманда, туку и за сите европски екипи што сезонава планираат гостување во Скопје. Дополнителен товар за вардарци се и двата пораза од Металург, минатосезонскиот за титулата и финалниот во Струга па се надеваат на прекинување на мини-серијата на противникот особено што меѓу зацртаните цели им се и одбрана на трофејот во СЕХА и враќање на титулата во домашното првенство.
Двете екипи во регионалното натпреварување отворија со победи, Вардар над Војводина, Металург над Татран, по што од Автокоманда стигнаа и најавите дека вистинскиот Металург ќе го видиме токму на дуелот со Вардар. Доволно провокации за возбудлив, квалитетен натпревар, но и можност за плејадата нови играчи во двата тима за прв пат да го почувствуваат македонското дерби што веќе неколку сезони се трансвормира во балканско па и европско. Кале веројатно ќе е претесно за сите што ќе сакаат да бидат дел од спектаклот,па одличен избор моѓе да биде и преносот на првиот програмски сервис на МРТ утре од 20 часот и 10 минути.