Авиосообраќај

Опслужени три милиони патници на скопскиот аеродром

12.12.2025 14:15

Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

Меѓународниот аеродром Скопје ја достигна бројката од три милиони опслужени патници во текот на една година. Ова е значаен индикатор за растот на авиосообраќајот во земјава – велат надлежните.

Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски приреди изненадување за три милионитиот патник, кој доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

Генерален директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт најави дека до крајот на годината Скопскиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид 262.000.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој со раководството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на аеродромот за испраќање на три милионитиот патник, оцени дека Меѓународниот аеродром Скопје станува центар за регионот.

Од септември лани досега има 21 нова дестинација до Скопскиот и до Охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност за привлекување нови авиолинии и ова се најмногу нови дестинации што ги вовела која било држава во регионот. Затоа не се случајни бројките, посочи Николоски.

Како што најавија надлежните, од 6 април следната година стартуваат авиолиниите Скопје-Наполи и Скопје-Будимпешта, а од 28 јуни Охрид-Катовице, Охрид-Вроцлав, Охрид-Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид-Виена на Аустријан ерлајнс.