авиосообраќај

Годинава три милиони патници на Скопскиот аеродром

12.12.2025 17:35

Меѓународниот аеродром Скопје ја достигна бројката од три милиони опслужени патници во текот на една година. Ова е значаен индикатор за растот на авиосообраќајот во земјава – велат надлежните...

Милена Таскова која од Скопје полета за Бари е тримилионитиот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. Раководството на ТАВ Македонија заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и доделија два бесплатни билета и аеродромски услуги. Според министерот три милиони патници на Скопскиот аеродром претставуваат историски успех. Тој оцени дека Меѓународниот аеродром Скопје постепено се претвора во регионален центар.

Раководството на ТАВ очекува дека до крајот на годинава на Скопскиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а на охридскиот 262.000.

Од Владата најавија дека од 6-ти април в година, стартуваат авиолиниите Скопје-Наполи и Скопје-Будимпешта, а од 28-ми јуни Охрид-Катовице, Охрид-Вроцлав, Охрид-Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид-Виена.

Овие дестинации се добар импулс за македонската економија.

Од септември лани до сега, воведени се 21 нова авиолинија до Скопскиот и Охридскиот аеродром. Ова, според Владата, претставува најголем број нови дестинации воспоставени од која било држава во регионот.

 

Борис Грујоски