Мигрантски кампови ќе нема, Мицкоски најави иницијатива до советите
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следната недела ќе достават до советите документ со кој ќе се потврди политиката против нелегалната миграција и генерално такви процеси, дека нема на територијата на тие општини да се создадат мигрантски кампови…

СДСМ темата мигранти упорно ја туркаат и покрај сите мои укажувања дека нема да се случи во земјава влез на мигранти. Тие гласале за отворање мигрантски кампови, а тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана за ксенофобична партија. Сега се случува обратното, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека следната недела советниците на ВМРО-ДПМНЕ до советите на општините ќе достават документ кој треба да биде изгласан за анти-мигрантска политика, односно дека во ниту една општина нема да бидат градени мигрантски кампови.
И додека советите ќе гласаат против емигрантски кампови, социјалдемократот Филипче со останатите лидери од неговата коалиција ја разгледуваа антимигрантската резолуција. Инсистираат на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Секој од партиите има свој став за темата мигранти. Социјалдемократите велат, ВМРО-ДПМНЕ планира да земе мигранти и кредит од 6 милијарди евра, додека пак ВМРО-ДПМНЕ посочува дека владата на Заев во 2018-та донела одлука за која гласал и Филипче, да се гради мигрантски камп во близина на Скопје.
Миле А. Ристески
