Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за пронаоѓање алтернативни начини за обезбедување 210 милијарди евра за финансиска поддршка на Украина, наместо користењето на замрзнатите руски средства...

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за пронаоѓање алтернативни начини за обезбедување 210 милијарди евра за финансиска поддршка на Украина, наместо користењето на замрзнатите руски средства, што го доведува во прашање усвојувањето на планот за т.н. „заем за репарација“ на самитот на ЕУ следната недела.
Според Советот, во отсуство на одлука за ваква забрана овие ресурси би можеле да бидат директно искористени од страна на Русија за финансирање на нејзината воена агресија врз Украина со сериозни последици за економијата на Европската унија и нејзините земји членки. Меѓу другите барања на Белгија е и останатите членки на ЕУ да учествуваат во покривањето на евентуалните судски трошоци од постапка што Москва би ја покренала против која било земја од блокот.
