Куманово

Подобрена хидролошката состојбата во акумулациите Липково и Глажња

13.12.2025 13:39

Последните интензивни врнежи ја подобрија состојба со вода во кумановскиот регион. Обезбедени се доволни колични за потребите на градот. Летото што измина ќе остане запаметено како едно од најсушните. Некои корита беа без целосен проток.

Последните врнежи ја стабилизираа хидролошката состојба. Акумулациите Липково и Глажња располагаат со доволни количини вода за снабдување на Куманово. Од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ информираат по подолгиот и исклучително сушен период, активирани се планинските извори и малите потоци во карадачкиот регион.

„Моментално имаме десно милиони и четиристотини илјади метри кубни вода во акумулацијата, што е доволно вода за цела година за водоснабдување на градот Куманово. Во исклучително тешка и сушна година успеавме да имаме 500 хектари наводнување и градот  да го обезбедиме со вода за пиење“, истакна Дарко Живковски, раководител Водостопанство Куманово.

Летото што измина ќе остане запаметено како едно од најсушните. Делови од речните корита  во регионот беа целосно без проток.

„Успеавме да имаме наводнување, зголемена површина наводнување во овој исклучителен тежок и сушен период кој беше благодарение на вработените водоредарите кои дадоа максимум да не се губи секоја капка на вода да биде сочувана. Имавме мал дел на земјоделци кои не ја почитуваа забраната односно рестракциите за наводнување на земјоделските површини за што имаме соодветни пријави до надлежните органи“, дополни Живковски.

Очекувањата се новите врнежи да ги обноват водните резерви и да овозможат подобра подготвеност за следната година.

За потребите на градот во зимскиот период се трошат околу 450.000 метри кубни вода месечно, додека во летниот период бројката е нешто поголема односно над 600.000 метри кубни вода.

 

Елена Георгиевска