Стопанството со предизвици, бара заштита на домашното производство
Прилепското ја дели судбината со македонското стопанство. Битката со нелојалната конкуренција, заштитата на домашното производство и поттикнување на продуктивноста остануваат како задачи за 2026 година. Градежништвото смета на позитивните сигнали со интензивирање на работите на Коридорите 8 и 10.

Годинава одминува со битката против сивата економија, зголемувањето на продуктивноста, надминувањето на проблемот со работната рака. Стопанството, а и прилепското, зависно од извозот и увозот, бара да се заштити македонското, домашно производство. Законот за работно ангажира ќе помогне, но стратегијата на заштита мора да биде поинтензивна, рака под рака со борбата со сивата економија.
Градежништвото смета дека има видлив позитивен напредок.
Останува проблемот со недостиг на работна рака, а и битката со јавните набавки.
Стопанството во 2026 година бара заедничко дејствување.
Елизабета Митреска
