УХМР

Утрово најстудено на Попова Шапка

13.12.2025 10:27

Низ останатите градови, минималните утрински температури се движат околу нулата...

Според податоците на УХМР, утрово најстудено било на Попова Шапка со-4 степени, додека најтопло е во Гевгелија со 7 степени.

Низ останатите градови, минималните утрински температури се движат околу нулата:

Како што информира УХМР, -2 степена е во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка и Крушево, -1 во Штип, Берово, Прилеп и Маврови Анови, 0 во Демир Капија, Претор и Виница, 1 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Велес и Кавадарци, 2 во Тетово, како и 5 степени во Куманово.