Белата чума коси, природниот прираст негативен
Природниот прираст е негативен, младите сè помалку се женат, се помалку деца се раѓаат, населението забрзано старее. Невладините алармираат потребни се долгорочни и системски решенија...

Белата чума коси. Падот на наталитетот во земјава трае со децении. Во третото тримесечје од 2025 година во Охрид се родиле 98 деца, а починале 154 лица. Природниот прираст е негативен-56.
Се празнат помалите градови, младите сè помалку се женат, се помалку деца се раѓаат, населението забрзано старее.
„Систем со сериозни проблеми и предизвици, исто така и големиот број миграции, со тоа што мислам дека младите се индоктринирани во насока каде што треба претходно да се посветат на кариера, па потоа да се остварат како родители“ – вели Ана Дуковска, претседател на здружението „Јас сум жена“.
Во 2016 година се родиле околу 23.000 деца, а лани само 16.737, што е речиси 9.000 помалку – односно за само осум години има пад од 30%. Невладините алармираат потребни се долгорочни и системски решенија.
„Во наредниот период ќе претставиме иницијативи и заедно со владините институции ги работиме, да ги охрабриме мајките за да станат мајки, да излезат од тој сегмент на едно семејство, има само едно дете или две деца туку да работиме на повеќедетни семејства и тоа мора да биде во соработка со владата заради иницијативи“, додава Дуковска.
Во последното тримесечје, и во Струга има негативен природен прираст, но помал од-2, а во општина Дебрца-16.
Соња Рилковска
