Југоисточна Азија

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат

13.12.2025 18:27

Бангкок соопшти дека примирје е можно само ако Камбоџа ги повлече силите и ги отстрани мините од границата. Пном Пен, пак, тврди – се бори за својот суверенитет...

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат и покрај изјавата на Трамп дека е договорен прекин на огнот.

Бангкок соопшти дека примирје е можно само ако Камбоџа ги повлече силите и ги отстрани мините од границата. Пном Пен, пак, тврди – се бори за својот суверенитет.

Судирите кои го прекршија примирјето раселија 700 илјади луѓе, предизвикаа над 20 жртви и стотици повредени. Конфликтот е дел од долгогодишниот граничен спор, кој повторно ескалираше во јули и оттогаш постојано се влошува, и покрај претходно договорени прекини на огнот.