Загинаа петмина рудари во БиХ

05.09.2014 15:34

Рударска трагедија во Босна и Херцеговина. Загинаа петмина во рудникот во Зеница, по вчерашниот земјотрес. Евакуирани се преостанатите 29 во акцијата што вчера ја почнаа спасувачките екипи.

Инцидентот се случил по земјотресот од 3,4 степени по Рихтер, кој ја зафати Босна вчера попладне. 

Епицентарот на земјотресот е на 53 километри северозападно од босанската престолнина. Во моментот на потресот во рудникот имало 56 лица, но 22 од нив успеале да се спасат и да го напуштат местото. Двајца од рударите со полесни повреди се хоспитализирани.

Земјотресот не предизвикал други штети во земјата.