САД

Се подобрува ситуацијата по поплавите во сојузната држава Вашингтон

13.12.2025 16:18

Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива...

Се подобрува ситуацијата во сојузната држава Вашингтон по историските поплави што го зафатија северозападот од земјата. Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива.

Поројните дождови предизвикаа евакуации, поплавија цели заедници и предизвикаа драматични спасувања од покривите и возилата.

Поради тешките услови беше прогласена вонредна состојба.