ОЈО

Завршена обдукцијата, жената од село Равен убиена со пиштол

13.12.2025 11:26

Според првичниот наод таа била лишена од живот со огнено оружје. По наредба на јавен обвинител се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации...

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена од село Равен, информираат од Јавното обвинителство. Според првичниот наод таа била лишена од живот со огнено оружје. По наредба на јавен обвинител се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации. Се вршат и претреси и се преземаат други истражни дејствија.

Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, а јавниот обвинител до судот предложи 48-часовен притвор и за женат, што била вчера задржана во полициска станица.