Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева излезе на слобода откако доби условен отпуст
Јанева, беше осудена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна. Деновиве добила условен отпуст и го напуштила затворот...

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева излезе на слобода откако доби условен отпус. ова за МТВ го потврди директорот на затворот Идризово Зоран Јовановски.
Јанева, беше осудена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна. Деновиве добила условен отпуст и го напуштила затворот, но, таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд во Скопје, додека не ѝ истече во целост седумгодишната казна.
Пресудата против неа беше изречена на 18 јуни 2020 година, а правосилна стана кон крајот на јули следната година, откако Апелацискиот суд по повеќе од една од година ја потврди пресудата на првостепениот суд.
