Струмица

Со пари од ЕУ ќе се заштитуваат Римските терми

13.12.2025 19:13

Римските терми во Бања Банско ќе добијат заштита од атмосферските влијанија. Со пари на ЕУ од програмата за прекугранична соработка ќе се поставува челична конструкција, но и патеки фотоволтаици со цел привлекување на повеќе туристи...

Идната година Римските терми во Бања Банско ќе бидат заштитени од надворешните атмосферски влијанија. Ќе се гради челична кровна конструкција како дел од проектот финансиран од програмата за прекугранична соработка со соседна Грција на ЕУ. Проектот предвидува и други активности вели директорот Бранко Ѓорѓиев

Целта на проектот е да се спои културата, историјата и заедницата. Од една страна да се реставрираат и ревитализираат Римските терми, а од друга страна да се привлечат нови туристи во југоистокот за развој на локалната економија

Проектот „Култура преку границите“ го имплементираа музеите од Струмица и Кукуш како и Цис Палермо од Скопје. Во Октомври во Грција беше означен стартот на проектот

Ване Трајков