Регион
Голем пожар во погон за рециклирање на електронски отпад во Хрватска
13.12.2025 12:12
Синоќа околу 23 часот избувна голем пожар во објект на компанијата „ЦИАК“ за складирање опасен отпад, во местото Губашево кај хрватскиот град Забок...

Синоќа околу 23 часот избувна голем пожар во објект на компанијата „ЦИАК“ за складирање опасен отпад, во местото Губашево кај хрватскиот град Забок. Во гаснењето учествуваа над 60 пожарникари, а пожарот беше локализиран по полноќ.
Поради можната опасност, граѓаните добија итно предупредување да ги затворат прозорците и да не се приближуваат до местото. Надлежните служби вршат мерења на квалитетот на воздухот во регионот.
