Во Скопје промоција на реобјавеното издание на „Абецедарот – сто години потоа“
Денеска во Скопје промоција на реобјавеното издание на македонскиот абецедар, 100 години потоа. Издаден 1925 од страна на грчката влада за децата Македонци од Егејска Македонија…

Македонскиот Абецедар е првото политичко и меѓународно признавање на македонскиот јазик, кое се случува 20 години пред неговата кодификација во 1945-та година.
Абецедарот претставува првиот македонски буквар, наменет за децата Македонци од Егејска Македонија. Издаден е во 1925-та година, од страна на грчката влада, во Атина, а под притисок на тогашното друштво на народите со седиште во Женева. Но, овој притисок воопшто не придонел за подобрување на исклучително тешката положба на Македонците во Егејска Македонија, велат учесниците на промоцијата.
Абецедарот, кој бил испечатен под притисок, никогаш не бил ставен во употреба, туку бил уништен од страна на грчките власти, објаснуваат авторите на реобјавената верзија.
Во абецедарот се користи лерински народен говор, со приспособена латинична азбука и нагласено фонетски правопис.
Од денешна перспектива, важноста на абецедарот е исклучително голема, пред сè во однос на дефинирањето и признавањето на посебноста на македонската националност, уште во средината на 20-тите години од минатиот век.
Марија Котовска
