Земјотрес во Анталија, нема пријави од наши туристи

05.09.2014 15:39

Турскиот туристички центар Анталија ноќеска погоден со силен земјотрес. Од македонската амбасада во Анкара известуваат дека нема пријави од наши туристи, кои летуваат таму. Туристичките агенции во земјава, ги потврдуваат овие информации.

Епицентарот на земјотресот од 5,2 степени според Рихтеровата бил на длабочина од 25 километри. Земјотресот бил почувствуван во градовите Анталија, Кемер, Кумлуџа и Финикли.

Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Друг земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтер регистриран е синоќа во Егејско Море, во близина на турскиот остров Гокчеада, округот Чанаккале.