Политика

Продолжуваат меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата за прием на мигранти

13.12.2025 14:30

Власта и опозиција со меѓусебни обвинувања, кој ја дефокусира јавноста со лаги и манипулации за најважните општествени теми. СДСМ со став дека власта бега од темата, од ВМРО-ДПМНЕ појаснувааткој пред четири години сакал да прифати мигранти...

Пред четири години владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев нудела да прими мигранти во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое според партијата јасно се гледа дека тогашната власт сакала да гради мигрантски кампови, а лидерот на СДСМ, Филипче, на ова не се противел. Ова е вистината за темата со мигрантите, наместо лажни вести да одговорат колку мигранти сакале да примат во земјава, побараа од ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократите побараа резолуцијата наместо во општините да се гласа во Собранието, бидејќи за нив оваа тема е од државен интерес. СДСМ тврдат дека изјавите на премиерот Мицкоски и функционери од неговата партија го потврдуваат планот за мигранти во земјава.

СДСМ со обвинувања и дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиуми блиски до нив шири манипулации и лаги за да се изврти вистината и за бомбите за власта, темата за мигрантите и нападот врз новинарите на „Инфомакс“.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија овие наводи како лажни, велејќи дека се дефокус за СДСМ да избегне одговорност за сопствените криминали.

Викторија Милевска