Скопје

Собир за поддршка на поранешните команданти на ОВК на плоштадот „Скендербег“

13.12.2025 15:17

Во близина на споменикот Скендербег, со албански знамиња и обележја на ОВК се одржа собир за поддршка на поранешните команданти кои чекаат судење во Меѓународниот кривичен суд во Хаг под обвинение за воени злосторства.

Настанот го организираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој порача дека по Приштина и Тирана сега и Скопје зборува за вистината и правдата, а војната на ОВК останува праведна и поддржана од демократскиот свет.

Во изјава на собирот, Ахмети вели дека командантите на ОВК се неправедно обвинети од Белград и од Москва иако тие со своите активности не биле против српската држава. Ахмети очекува да бидат ослободени.

Присутни се поголем број граѓани, со албански знамиња и обележја на ОВК, а улицата која води кон паркингот во ТЦ Мавровка е затворена за сообраќај

Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ – Али Ахмети.