Во оридинациите пациенти со висок крвен притисок
Топлото време ги испразни ординациите со пациенти со вирусни инфекции, но ги наполни со оние со хронични болести. Докторите со апел за внимателност – зголемен бројот на инфаркти и мозочни удари во овој период од годината.

Пациенти со висок крвен притисок ги полнат амбулантите на матичните лекари. Мора да се внимателни и граѓаните и лекарите, во овој период од годината има зголемен број на инфаркти и мозочни удари, советува докторката Лилија Чолакова Дервишова.
Но, изминатата недела лекарите прегледувале и пациенти со настинки, бактериски инфекции, вируси. Чолакова Дервишова вели, изминатите седмица во нејзината ординација немало пациенти со грип.
Според податоците од Институтот за јавно здравје уште не е достигнат прагот за влез во сезоната на грипот. Минатата недела бројот на новоинфицирани е за 15 проценти помал од претходната недела. Бројките покажуваат дека безмалку 100 пациенти се разболеле од грип, и тоа најмногу во Куманово, Охрид и Тетово.
Наташа Јанчиќ - Менковски
