Вирусите ги полнат ординациите

13.12.2025 15:43

Поради високите температури не е толку присутен грипот. Амбулантите се полни од вирусните инфекции, но и со пациенти со висок крвен притисок, велат матичните доктори…

Пациенти со висок крвен притисок ги полнат амбулантите на матичните лекари. Мора да се внимателни и граѓаните и лекарите, во овој период од годината има зголемен број на инфаркти и мозочни удари, советува докторката Лилија Чолакова Дервишова.

Но, изминатата недела лекарите прегледувале и пациенти со настинки, бактериски инфекции, вируси. Чолакова Дервишова вели, изминатите седмица во нејзината ординација немало пациенти со грип.

Според податоците од Институтот за јавно здравје уште не е достигнат прагот за влез во сезоната на грипот. Минатата недела бројот на новоинфицирани е за 15 проценти помал од претходната недела. Бројките покажуваат дека безмалку 100 пациенти се разболеле од грип, и тоа најмногу во Куманово, Охрид и Тетово.

Наташа Јанчиќ - Менковски