Јуниорскиот евросонг

Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг, го освои седмото место

13.12.2025 18:59

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.

Тринаесетгодишната Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.

Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Песната е дело на авторите Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска

Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.

На големото финале настапија млади таленти од 18 земји.

Погледнете го настапот Нела Манческа на Јуниорскиот Евросонг: