Куманово

Самовработувањето - поттик за локалната економија

14.12.2025 13:42

Нови компании ќе ја раздвижуваат локалната економија во Куманово. Мерката самовработување преку грант, охрабри голем број невработени лица, да основаат сопствен бизнис. Интересот за програмите од година в година е сè поголем.

Кафе барови, ресторани, компании за одржување на хигиена, занаетчии молери, гипсари, фарбари, електричари, автолакери, авто-механичари се новоотворените компании од најатрактивната мерка, самовработување со грант. Од агенцијата за вработување во Куманово задоволни од интересот на невработените. Во моментов се потпишуваат договорите, а исплатата се реализира во четири фази. Севкупно пристигнале 416 апликации.

„170 беа дооел, 92 над 29 години и 155 под 29 години. Разликата е во износот на средствата, која се доделува во вид на опрема потребна за отворање на фирмите што зависи од возраста на апликантите и дали сами или заеднички отвораат фирма од 430.500 денари, 615.000, не се пари, туку репроматеријал, опрема“, изјави раководителот на Центарот, Ндерим Јашари.

Компаниите добиваат 250.000 денари грант ако вработат младо лице, доколку се одлучат за лица од ранливите категории, жртви на семејно насилство, Роми добиваат 220 илјади денари и за оние над 29 години 160.000 денари.

Компаниите имаат и обврска да го задржат лицето и да не го намалат бројот на невработените.

За практикантство имало 86 апликации од кои 82 се примени, обуката веќе е завршена.

Елена Георгиевска