МВР
Уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра
14.12.2025 10:02
Уапсен е поранешен државен правобранител кој бил на функција од 2018 до 2022 година...

Уапсен е поранешен државен правобранител кој бил на функција од 2018 до 2022 година. Според првичните информации станува збор за Фехми Стафа, а осомничен бил за примање поткуп.
Тој во последниот период работел како адвокат, а е и меѓу пријавените на последниот јавен оглас на Собранието за член на Судскиот совет.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека е лишен од слобода, а детали ќе соопштат во текот на денот.
