Грција

Грчките земјоделци ја одбија средбаta со Мицотакис

14.12.2025 12:22

Грчките земјоделци соопштија дека ќе ги достават своите барања писмено до владата и ќе продолжат со блокадите на патиштата низ земјата...

Грчките земјоделци ја одбија утрешната средба со премиерот Мицотакис и најавија интензивирање на протестите поради високите производствени трошоци, ниските откупни цени и неисплатените субвенции.

Соопштија дека ќе ги достават своите барања писмено до владата и ќе продолжат со блокадите на патиштата низ земјата, поради кои сообраќајот е сериозно отежнат, вклучително и на граничниот премин Евзони.