Кошарка – Светски куп Шпанија 2014
Познати се елиминациските двојки на Мундобаскет 2014
05.09.2014 15:45
Чудна е разврската од групната фаза, на светското кошаркарско првенство, што се игра во Шпанија. Хрватите спасуваа глава во последната рунда, но налетаа на актуелниот европски шампион.
Австралија, по контроверзниот пораз од Ангола и Литванија, која што најмногу стравуваше по тој меч, ја избегнаа селекцијата на актуелниот светски шампион во првите два елиминациски филтри, но ќе играат меѓу себе ако ја поминат првата нокаут рунда.

Балканските браќа Србија и Грција ќе се пресметаат меѓу себе, јужноамериканските величини исто така, а истата судбина веднаш ги спои и соседите Јенки и Сомбрероси.
Турција против Австралија е најнеизвесниот меч, барем на хартија, во 1/8 финалето.
Сабота:
Шпанија - Сенегал (Мадрид)
Хрватска - Франција
САД - Мексико (Барселона)
Словенија - Доминиканска Република
Недела:
Грција - Србија (Мадрид)
Бразил - Аргентина
Литванија - Нов Зеланд (Барселона)
Турција - Австралија