МВР

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот и под дејство на алкохол

14.12.2025 14:32

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава...

На 13.12. и 14.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово, соопштија од МВР.

При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица, а во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила просторот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејство на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство.

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.