Тошковски: Ќе се толерираат само ситни прекршоци, но не и опасното возење
Бројот на сообраќајки е намален во тест периодот на „Сејф сити“ – потврди МВР, министерот Тошковски вели, се работи на утврден праг на толеранција на пречекорување на брзината само за прекршоци, за сообраќајка ќе има кривична одговорност. Од наредната недела граѓаните на кои ќе им стигнат пораки за сообраќаен прекршок со туѓи лични податоци ќе може да ги пријават...

Намален бројот на сообраќајни несреќи од почетокот на пробниот период на системот „Безбеден град“, велат од Министерството за внатрешни работи. Пробниот период ќе се пролонгира повеќе од првично предвидениот рок од месец и половина, со цел подобрување на системот и на точноста при детекцијата на прекршоците и процесуирањето.
Министерот Тошковски вели, се работи на дефинирање на прагот на пречекорување на брзината, ќе се толерираат само ситни прекршоци, но не и опасното возење и потешките случаи, за кои ќе следува и кривична одговорност.
Светските статистики јасно укажуваат на опасноста од пречекорување на брзината, вели Тошковски, додавајќи дека при судир со брзина од 60 километри на час, шансите за преживување се минимални, односно од десетмина, преживуваат само двајца.
Нашата суштинска цел е да добиеме еден функционален систем, кој ќе придонесе за спасување на човечки животи, порача Тошковски.
Марија Котовска
