Одбојка

Светскиот шампион Бразил во дербито со Финска, со пренос на МРТ

05.09.2014 15:46

На СП во одбојка што се игра во Полска денес на програмата се 6 натпревари во 2 од 4 групи. Во првиот меч од “Б“ групата селекцијата на Куба ја забележа првата победа, против Јужна Кореа со 3 : 1 во сетови, по што актуелниот вицешампион има 4 бода со кои е поблиску до втората групна фаза. Во рамките на “Ц“ групата Бугарија ја постигна втората победа на мундијалот, овојпат над Кина со 3 : 0 и ја презеде лидерската позиција во пресрет на останатите мечеви. Во 16.30 часот се мечевите Германија - Тунис и Канада – Египет.

Најголемо внимание во денешната програма предизвикува настапот на бранителот на титулата Бразил и Финска, што е дерби на групата “Б“. Бразилците како прворангирани на светската листа патот до четвртата шампионска титула едноподруго го почнаа со две победи против Тунис и Германија без загубен сет, и ќе сторат се за да го обезбедат првото место вечерва против Финска. Скандинавците исто така остварија две победи, но имаат бод помалку од Бразил затоа што во мечот со Куба славеа со 3 : 2, откако претходно ја совладаа Јужна Кореа во 3 сета. Натпреварот Бразил Финска ќе го пренесуваме на Собранискиот сервис од 20.15 часот.

Истовремено во рамките на “Ц“ групата по двете максимални победи, олимпискиот и европски шампион Русија ќе влезе во мечот со последнопласираниот Мексико во улога на фаворит за нивна трета победа на шампионатот.