Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
15.12.2025 08:14
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла...

Времето денеска ќе виде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.
