УКРАИНА

Продолжуваат разговорите за крај на војната во Украина

15.12.2025 09:33

Дебатата продолжува денеска. На разговорите покрај високите американски претставници учествува и украинскиот претседател и германскиот канцелар...

Специјалниот претставник на САД, Виткоф, изјави дека за време на средбата во Берлин за завршување на војната во Украина е постигнат голем напредок. Дебатата продолжува денеска. На разговорите покрај високите американски претставници учествува и украинскиот претседател и германскиот канцелар. 

Зеленски оцени дека мировниот план мора да биде пофер за Украина бидејќи Русија ја почна војната, но сепак потенцираше дека ниту една страна нема да биде целосно задоволна. Од Кремљ велат дека Москва сè уште не ги видела предлозите од Киев и ЕУ, но прашањата за териториите се апсолутно неприфатливи.

Украина е подготвена да се откаже од своето барање за членство во НАТО доколку САД и ЕУ понудат доволно силни безбедносни гаранции во рамките на тековните преговори за завршување на војната, изјави украинскиот лидер.