БРАЗИЛ
Во Бразил протести против намалувањето на затворските казни
15.12.2025 11:47
Демонстрациите беа предводени од левичарски политичари, синдикати и социјални движења...

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Сао Паоло како дел од протестите против законот со кој се намалуваат затворските казни за поранешниот претседател Жаир Болсонаро и другите осудени за обид за државен удар. Демонстрациите беа предводени од левичарски политичари, синдикати и социјални движења.
Долниот дом на Конгресот на Бразил во среда одобри закон со кој ќе ги скрати затворските казни за сите осудени во врска со немирите на 8 јануари 2023 година, кога поддржувачите на Болсонаро ги нападнаа владините згради во главниот град Бразилија.
