ЧИЛЕ

Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле

15.12.2025 09:14

Во повеќедецениската кариера, Каст предлагаше изградба на ѕид на границата, испраќање на војската во области со висока стапка на криминал и депортација на сите илегални мигранти...

Десничарот Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле освојувајќи убедливи 58 насто од гласовите против левичарската кандидатка Жанет Хара, која освои 42 процента. Во повеќедецениската кариера, Каст предлагаше изградба на ѕид на границата, испраќање на војската во области со висока стапка на криминал и депортација на сите илегални мигранти. Сепак, порадикалните предлози на Каст веројатно ќе наидат на отпор во поделениот парламент.

Десничарските партии освоија места во двата законодавни дома на општите избори во ноември, но најголемиот дел им припаднаа на потрадиционалните партии. По исходот на изборите во Чиле, десницата станува се подоминантна во Латинска Америка, откако десничарски лидери добија Еквадор, Ел Салвадор и Аргентина.