АХВ

Спречен увоз на 26 тони пилешко од Бразил

15.12.2025 09:20

Пратката е вратена во земјата извозник – Бразил...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска како небезбедна храна. Пратката е вратена во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена поради спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни и производи од животинско потекло поради заштита од внесување на вирусот птичји грип.