Транспорт

Од денеска нов лет на релација Скопје – Прага

15.12.2025 10:10

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет на авиокомпанијата „Виз Ер“ на релација Скопје – Прага...

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет на авиокомпанијата „Виз Ер“ на релација Скопје – Прага, со што оваа компанија воведува уште една нова дестинација од Скопје.

Новата авиолинија беше најавена уште во јули од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој тогаш информираше дека е потпишан договор за воведување пет нови дестинации од скопскиот аеродром.

Станува збор за линиите Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје, кои почнаа во ноември, како и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје, кои се воведуваат од декември.