Македонија

Водата во Скопје безбедна за пиење

15.12.2025 10:25

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.12.2025 до 12.12.2025 земал 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.