Скопје

Почна украсувањето на главниот град

15.12.2025 11:02

На плоштадот „Македонија“ денеска ќе биде организирано и заедничко вклучување на светилките на елката, а предвидена е и богата програма...

Почнува официјалното украсување на главниот град за претстојните божикни и новогодишни празици.

Денеска ќе биде осветлена и големата елка, а стартува и новата манифестација украсуваме по скопски со награди од најубаво украсените домови и дворови. На плоштадот „Македонија“ денеска ќе биде организирано и заедничко вклучување на светилките на елката, а предвидена е и богата програма.

Од утре, следуваат секојдневни активности и настани на плоштадот низ градот кои ќе траат до дочекот на Новата година.