Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
Планирани се блокади за сообраќај на сите возила на Евзони, во периодот од 12 до 16 и од 18 часот по локално време, додека пак на другите премини, Ники кон Македонија и Промахонас и Ексохи кон Бугарија во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила...

Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила.
Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до Владата.
Продолжуваат и блокадите на автопатите низ цела Грција.
