Игран филм
РАСКИНУВАЊЕ

Недела, 20:30
Фотографот Стив (Расел Кроу) и професорката Моника (Салма Хајек) се многу вљубени, а нивната врска е толку силна и интензивна што речиси се граничи со болест. Во еден момент тие се во целосен делириум, но во следниот стануваат фрустрирани, подготвени да раскинат. Поради ваквите ситуации, двојката се обидува сериозно да разговара и да ја анализира врската, но разговорите секој пат се претвораат во катастрофа. Тие едноставно не можат да останат заедно, но ниту конечно можат да раскинат.
Улоги: Расел Кроу, Салма Хајек
Режија: Роберт Гринвалд
