Предлогот за разрешување на Коцевски утре на пленарна седница во Собранието
Претседателот на собранието Африм Гаши посочи дека сè уште не е пратена покана до Коцевски да се обрати на утрешната седница но, како што посочи, би требало да му биде доставена во текот на денов...

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде ставен на утрешната пленарна седница на Собранието, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.
Претседателот на собранието Африм Гаши посочи дека сè уште не е пратена покана до Коцевски да се обрати на утрешната седница но, како што посочи, би требало да му биде доставена во текот на денов. Според собранискиот спикер, изборот на нов јавен обвинител би бил извршен во рамки на законските рокови.
Гаши најави дека годишното обраќање на претседателот на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова е закажано на седницата на 23 септември, додека разрешувањето на министерот и на избор на двајцата министри за европски прашања и за животна средни е планирана за 24 септември.
На 26-ти септември ќе се одржи последната седница посветена на пратенички прашања.
