Претставување на македонската култура низ светот до крајот на 2014-та

05.09.2014 16:13

Меѓународната соработка, презентацијата на македонската култура и афирмацијата на високите вредности на македонското културно богатство се врвни приоритети на Министерството за култура. Македонската култура преку проектите на националните установи до крајот на годинава ќе биде претставена во неколку светски центри. Покрај фестивалските гостувања, подготвени се и меѓународни презентации со кои Република Македонија ќе одбележи две децении од воспоставување дипломатски односи - со Австрија, Чешка и Јапонија.

Планираните активности денеска ги најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, истакнувајќи дека меѓународното претставување на македонската култура е еден од приоритетите  во културната политика.

Во периодот што претстои атрактивни културни содржини од сите дејности на културата ќе бидат презентирани во неколку светски метрополи... Меѓународната соработка, презентацијата  на македонската култура и афирмацијата  на  високите вредности на македонското културно наследство  се врвни приоритети на Министерството за култура кои континуирано, секоја година, настојуваме да ги оствариме преку поддршката на  низа активности и комплексни манифестации во странство. Република Македонија е земја која поседува непроценливо културно богатство  и актуелно творештво и токму затоа, наша цел е постојано и видливо  да бидеме присутни во европските културни центри,  на сите светски настани од областа на културата, на реномираните манифестации и фестивали, рече Канческа-Милевска.