Македонија со најевтини прехранбени производи споредбено со Европа
Цените во Македонија се најевтини, за 27 пониски, земјава е со најевтини прехранбени производи, покажаваат најновите податоци на Евростат ...

Во иста кошничка со храна, Швајцарците плаќаат 60 проценти повеќе од европскиот просек. Цените во Македонија се најевтини, за 27 пониски, земјава е со најевтини прехранбени производи, покажаваат најновите податоци на Евростат.
Храната е најголем товар за домашниот буџет и во Исланд и Норвешка. Но и жителите на Луксенбург мораат длабоко да брцнат во своите џебови. Кошничката во европски рамки е со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во Европската унија.
Ниските цени се типични за Западен Балкан. Според експертите клучни причини за големите разлики се дисбалансот во приходите и платите, трошоците за работна сила во земјоделството производството и продажбата, што се одразува на малопродажните цени.
Сепак ниските цени не значат и полесен живот, бидејќи во југоисточна Европа храната сочинува 20 проценти од расходите во домаќинствата, а во богатите земји само 12 насто, покажуваат податоците на Евростат.
