ФРАНЦИЈА

„КУТРИОТ ОЛАНД“: Удар за францускиот претседател во најлош момент

05.09.2014 16:35

Ставање пред очите на јавноста на приватниот живот од страна на неговата поранешна невенчана сопруга Валери Триервилер, катастрофални испитувања на јавното мислење, оставка на новоназначен министер, францускиот претседател не можеше да си замисли поцрн крај на една работна недела, која требаша да означи пресврт во неговата политика, јавува дописникот на МРТ од Париз...

320 страници напишани во прво лице од поранешната прва дама на Франција, Валери Триервилер. Од нивната прва средба до нивната разделба. Нејзината книга наликува на одмазда. Објавена во моментот кога во претседателот Франсоа Оланд доверба имаат само 13% од французите.

Франсоа Оланд не е првиот француски претседател чија сопруга го напушта. Тоа му се случи и на Никола Саркози, но Сесилија почека да заврши мандатот на претседателот за да ја објави книгата.

„Валери Триевелер не може да незнае дека книгата излегува во најлошиот момент за Оланд“, смета Лоран Неуман, политички аналитичар.

Денешниот ден е најцрн ден за Франсоа Оланд од неговото доаѓање во Елисејската палата.  Земјата е во криза, економијата стагнира, новоименуваниот  министер за туризам Томас Тевено поднесе оставка само девет дена по назначувањето, поради проблеми со пријавувањето иплаќањето на данокот.

Книгата „Благодарам за моментот“ во кој Триевлер открива многу интимни детали, фрла нова сенка врз личноста на Оланд, кој според неа ги нарекувал бездомниците – „беззабници“. Книгата  е како вистински удар од боздоган врз главата на Оланд.

„Само едно нешто може да го извелечe Оланд од оваа афера, тоа се резултатите на економски план - враќње на економскиот раст и на,qлување на невработеноста. Но тоа не се постигнува наеднаш“,

Еден од квалитетите на Оланд е неговата луцидност, тој самиот знае дека не може да има резултати пред 2015 година.

Животот на Франсоа Оланд во моментов наликува на холивудско филмски сценарио. Тој нема голем избор, можеби само распуштање на парламентот и распишување на нови парламентарни избори.

 

Тони Гламчевски